ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА КЛИМА УРЕД
Пред да се одлучите да го набавите вашиот нов клима уред, истражете!!! Обрнете внимание на следното:
- Многу е важно да одберете клима уред со капацитет соодветен на потребите за постигнување и одржување на комфорна температура во вашиот дом;
- Вообичаениот параметар за избор на клима уред – површината (квадратурата) на просторот што треба да се климатизира е само ориентационен параметар затоа што за добро изолирани простори може да бидат доволни и 30 W/m2 топлинска енергија за ладење/греење, додека за друг простор со слаба изолација може да има потреба и до 150 W/m2. Не избирајте клима уред според квадратурата на просторот!;
- Секогаш побарајте совет од стручен и искусен инженерски тим и направете точна пресметка на потребниот капацитет;
- Секогаш изберете клима уред со капацитет 20% до 30% поголем потребниот пресметан капацитет;
- Изборот на типот на клима уред многу зависи од неговата намена, дали е дополнително грејно тело или основно грејно тело;
- Ако клима уредот го користите како основно грејно тело мора да биде дизајниран за континуирана работа на температури под 0°C во текот на целиот ден и опремени со сите конструктивни елементи за таква работа
- Вообичаено овие инвертер клима уреди имаат грејач на куќиште, електронски експанзиони вентили и се со деклариран номинален капацитет на -7°C (вообичаено капацитет на овие клима уреди е 20% до 30% поголем од вообичаените инвертер клима уреди со опсег на работа до -15°C)
- Обрнете внимание на гарантниот период и пост-продажната поддршка и сервис на продавачот на клима уредот. Прочитајте ги сите коментари напишани со мали букви.



