ДАЛИ КЛИМА УРЕДИТЕ СЕ ШТЕТНИ?
Доколку имате систем за ладење и греење којшто не е соодветно и редовно одржуван, без разлика дали станува збор за вашиот дом, канцеларија или возило, може да биде загаден и потенцијално штетен. Особено кај болните од астма и други респираторни проблеми, нередовно сервисираните клима уреди можат да предизвикаат влошување на веќе постоечките проблеми.
За разлика од системите за греење, процесот на ладење на воздухот создава влага и кондензација, кои мора да се исфрлат надвор. Доколку клима уредот не го обавува овој процес исправно, дали поради нередовно одржување или пак поради дефект, може да постане соодветно место за создавање на бактерии и други штетни микроорганизми. За да се заштитите, најдобар и наједноставен начин е добро и редовно одржување на клима уредот. Со самото тоа се заштитувате себеси, но и векот на траење на вашиот клима уред.
Покрај тоа што клима уредите овозможуваат пријатна клима во текот на летните жешки месеци, тие нудат и останати бенефити на корисниците. Една од најголемите предности е тоа што овозможуваат филтрирање на воздухот од загадувачките честички од воздухот. Истражувањата покажале дека постојаната изложеност на загадените честички придонесуваат до сериозни здравствени проблеми. Поради тоа при избор на нов клима уред предност би било доколку истиот ги содржи потребните филтри за прочистување на воздухот и штетните честици.
Cooper & Hunter ја има развиено CH – 7SKY Technology којшто претставува 7 – степен систем за филтрација: антибактериски филтер, филтер со сребрени јони, танин филтер богат со антиоксиданси, хитин филтер за микроорганизми, антиформаделхид филтер, витамин Ц филтер – го обогатува воздухот со витамин Ц, фотокаталитик филтер – деконтаминација на воздухот. Оваа технологија ја имаат вградено во речиси сите серии на клима уреди, како и во најпродаваните од овој ранг, ARCTIC, ALPHA и VERITAS.
Што може да се заклучи од горенаведоното?
Клима уредите, доколку се одржуваат и сервисираат редовно не претставуваат никаква опасност за корисниците туку нудат само предности, особено со постоењето на функцијата на филтрирање на воздухот од несаканите честици од загадениот воздух. При изборот кој клима уред да го купите, секогаш земајте ја предвид и енергетската ефикасност на клима уредот, не се задоволувајте со ниска ефикасност, бидејќи тоа не го заслужувате ниту вие, ниту вашиот буџет, ниту нашата планета.



