Рекламација и враќање на производ

1. Рекламација при прием на производот

Пратките се секогаш соодветно спакувани за да не дојде до нивно оштетување при испораката. Купувачот е должен при прием на пратката да изврши проверка на видливи оштетувања и во случај пратката да има оштетувања, веднаш да го пријави тоа на лицето што ја доставува пратката. Во овој случај купувачот не би требало да ја преземе пратката.

Во случај кога е доставена оштетена пратка, Ве молиме веднаш да нѐ известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса sales@klimi.net.mk или најдоцна во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

2. Рекламација на несоодветен производ

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во законски рок. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, пакување, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл. Во случај Мепринг сервиси дооел да нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да Ви биде заменет со ист или соодветен кога ќе има таков. Мепринг сервиси дооел се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето. Замена на производот со соодветен, е можна и:

– со доплата, во случај да соодветниот производ е поскап

– со поврат на средства, во случај да соодветниот производ е поефтин.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса sales@klimi.net.mk и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

3. Враќање на производот

Во случај на повлекување на нарачката од страна на корисникот по уредна достава на производот (откажување на производот), Мепринг сервиси дооел, откако ќе добие усно известување од купувачот на телефонот 02/3090-701 и задолжително писмено известување од купувачот на електронската адреса sales@klimi.net.mk и откако ќе изврши квалитативен и квантитативен преглед на производите кои се враќаат (истите треба да се неотворени, амбалажно неоштетени, ниту со намалени квалитативни својства по ниедна основа), ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на банката плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај. Во ваков случај трошоците за враќањето на производот (доставата на производот назад кај Мепринг сервиси) ги подмирува купувачот.

Купувачот е должен да го врати производот без одлагање, најдоцна во рок од 15 дена од денот на писменото известување за повлекување на нарачката (откажување на производот). По истекот на рокот од 15 дена од денот на откажување, производот не може да се врати.

4. Гаранција на производите

Нарачаните производи се испорачуваат со уредно заверен гарантен лист. Доколку во текот на гарантниот период се утврдат фабрички недостатоци на производот, можете да извршите рекламација на производот со приложување на валиден гарантен лист со сериски броеви и заверен со печат и потпис од Мепринг сервиси дооел. При рекламација на производот важат условите во гарантниот лист.