Product Details

Sale!

COOPER&HUNTER ARCTIC PLUS INVERTER (R32) 3,5 kW CH-S12FTXLA6 (-25 ˚C) (А+++)

ден 37.900,00 ден 33.990,00

Професионална инвертер топлинска пумпа во сплит изведба специјално конструирана за работа во нордиски предели, најпродаван модел, комплетно решение за греење и ладење, висока енергетска ефикасност, VI генерација

  • Работен режим од -25°С до +50°С со класа А++ на ладење и А+++ на греење
  • Wi-Fi конекција и управување, I FEEL функција, PLAZMA филтер, заштита од замрзнување на просторот, интелегентен дефрост
  • 3D технологија за проток на воздух
  • CH 7-SKY напреден систем на филтрација
  • I-Action технологија за мирна и стабилна работа на ултра ниски фреквенции
  • Грејачи на шасија, електронски експанзионен вентил
  • Ниско ниво на бучава
  • Работи на напон од 130V до 275V

ГАРАНЦИЈА: 3 ГОДИНИ

Share this product

Description

  • Енергетска класа А+++
  • LED дисплеј
  • Грејач на шасија
  • Најнова VI генерација на компресор, кој овозможува работа на екстремно ниски надворешни температури без грејач, со што дополнително се заштедува енергија
  • 3D технологија за проток на воздух
  • електронски експанзионен вентил
  • CH 7-SKY Technology – напредна 7 степена филтрација
  • CH SMART-ION филтер
  • Филтер за прашина
  • Заштита од смрзнување (го вклучува клима уредот кога температурата во просторот ќе падне под 8°С)
  • I FEEL функција за одржување на температурата според сензорот во далечинскиот управувач
  • Тајмер
  • Ладилен медиум R32
  • Интелигентен дефрост
  • Самодијагностика
  • Режим за спиење
  • Одвлажнување
  • I-Action технологија за стабилна работа на компресорот на ултраниски фреквенции
  • Тивка работа
  • Заштита од појава на мувла

Напреден 7-степен систем за филтрација:

антибактериски филтер, филтер со сребрени јони, танин филтер богат со антиоксиданси, хитин филтер за микроорганизми, антиформаделхид филтер, витамин Ц филтер- го обогатува воздухот со Ц витамин, фотокаталитик филтер – деконтаминација на воздухот

Arctic Plus обезбедува сигурно греење дури и во екстремни зимски услови. Специјално дизајнираната надворешна единица со грејач на подножјето и интелигентен систем за автоматско одмрзнување овозможува стабилна работа и ефикасно греење при температури до -25 °C. Функцијата за заштита од замрзнување (одржување на температура од 8 °C) го штити просторот од прекумерно ладење, што го прави овој уред идеален избор за викендички, гаражи и куќи за одмор.

Внатрешната единица е опремена со 3D технологија за проток на воздух, која автоматски ги насочува ламелите во сите правци (лево-десно и горе-долу), а седумте брзини на вентилаторот овозможуваат максимална удобност. Turbo функцијата овозможува брзо постигнување на саканата температура, додека тивкиот режим на работа обезбедува речиси нечујно функционирање – идеално за спални и детски соби.

За чист и здрав воздух се грижат CH Smart ION системот и CH-7-SKY седумстепената филтрација. Овој напреден систем ефикасно ги отстранува прашината, бактериите, вирусите, непријатните мириси и алергените, создавајќи свежа и здрава средина за целото семејство.

Надворешната единица е исклучително отпорна на влага и корозија благодарение на GOLD FIN антикорозивниот заштитен слој и поцинкуваните метални компоненти. Уредот работи стабилно во широк опсег на напон (130–275 V), а вградената Wi-Fi конекција овозможува едноставно далечинско управување преку паметен телефон.

Модел ARCTIC2 INVERTER CH-S12FTXLA6
Капацитет ладење (kW) 3,51
Капацитет греење (kW) 3,81
Напојување ~220V-240V/50Hz/1Ph
Електрична потрошувачка ладење (kW) 0,96
Електрична потрошувачка греење (kW) 0,95
 Ладилен медиум R32
SEER 7.1 (А++)
SCOP 5,2 (А+++)
Проток на воздух  (m3/h) 360/420/480/540/600/650/700
Ниво на бучава на внатрешна единица (мин., средна, макс.) dB(A) 25-43
Ниво на бучава на надворешна единица dB(A) 52
Димензии (внатрешна) (mm) 874х276х206
Димензии (надворешна единица) (mm) 732х555х330
Маса (внатр./надв. единица) (kg) 10.5/24,5
Одвлажнување l/h 1,4

 

*Иако се трудиме секогаш да даваме точни податоци, сепак можни се печатни грешки. Се оградуваме од било каква одговорност по основ на направени ненамерни печатни грешки и/или грешки при превод, при составување на содржините на веб страницата. Не одговараме за евентуални печатни грешки.