This website is using cookies
We are using cookies to provide statistics that help us give you the best experience of our site. You can find out more or switch them off if you prefer. However, by continuing to use the site without changing settings, you are agreeing to our use of cookies.
×
 x 

Празна кошничка

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услугите на електронска продажба на Мепринг сервиси дооел, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.


1. Политика на приватност

За да ја користите услугата за електронска продажба на Мепринг сервиси дооел, Мепринг сервиси дооел прибира и обработува одредени Ваши лични податоци, а тоа се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Мепринг сервиси дооел, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените производи и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и Мепринг сервиси дооел воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

Мепринг сервиси дооел ќе ги користи собраните лични податоци исклучиво за целите за кои се дадени во согласност со важечките Законски прописи во Република Македонија. Можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на 02/3090-701.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, Мепринг сервиси дооел да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови за користење.


2. Гаранции и одговорности

Мепринг сервиси дооел гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, Мепринг сервиси дооел не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Мепринг сервиси дооел не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Мепринг сервиси дооел. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Мепринг сервиси дооел не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа, Мепринг сервиси дооел не одговара, ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страница кои водат до други страници, тоа го правите на сопствен ризик.

Мепринг сервиси дооел нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на оваа веб сраница. Сепак, Мепринг сервиси дооел има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Мепринг сервиси дооел не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашата веб страница, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.


3. Услови на испорака

 

Испораката на купените производи е во рок од 1 до 3 дена, и се врши до секое населено место на територијата на Република Македонија, до влез на станбениот или деловниот објект (не подразбира качување на производот по скали и со лифт).

За време на празници и во недела не се врши испорака.

Пратките се секогаш соодветно спакувани за да не дојде до нивно оштетување при испораката. Купувачот е должен при прием на пратката да изврши проверка на видливи оштетувања и во случај пратката да има оштетувања, веднаш да го пријави тоа на лицето што ја доставува пратката.

Во случај кога е доставена оштетена пратка, Ве молиме веднаш да нѐ известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или најдоцна во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.


4. Право на рекламација

4.1. Рекламација при прием на производот

Пратките се секогаш соодветно спакувани за да не дојде до нивно оштетување при испораката. Купувачот е должен при прием на пратката да изврши проверка на видливи оштетувања и во случај пратката да има оштетувања, веднаш да го пријави тоа на лицето што ја доставува пратката. Во овој случај купувачот не би требало да ја преземе пратката.

Во случај кога е доставена оштетена пратка, Ве молиме веднаш да нѐ известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или најдоцна во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

4.2. Рекламација на несоодветен производ

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во законски рок. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, пакување, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл. Во случај Мепринг сервиси дооел да нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да Ви биде заменет со ист или соодветен кога ќе има таков. Мепринг сервиси дооел се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето. Замена на производот со соодветен, е можна и:

- со доплата, во случај да соодветниот производ е поскап

- со поврат на средства, во случај да соодветниот производ е поефтин.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

4.3. Враќање на производот

Во случај на повлекување на нарачката од страна на корисникот по уредна достава на производот (откажување на производот), Мепринг сервиси дооел, откако ќе добие усно известување од купувачот на телефонот 02/3090-701 и задолжително писмено известување од купувачот на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и откако ќе изврши квалитативен и квантитативен преглед на производите кои се враќаат (истите треба да се неотворени, амбалажно неоштетени, ниту со намалени квалитативни својства по ниедна основа), ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на банката плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај. Во ваков случај трошоците за враќањето на производот (доставата на производот назад кај Мепринг сервиси) ги подмирува купувачот.

Купувачот е должен да го врати производот без одлагање, најдоцна во рок од 15 дена од денот на писменото известување за повлекување на нарачката (откажување на производот). По истекот на рокот од 15 дена од денот на откажување, производот не може да се врати.


5. Гаранција на производите

Нарачаните производи се испорачуваат со уредно заверен гарантен лист. Доколку во текот на гарантниот период се утврдат фабрички недостатоци на производот, можете да извршите рекламација на производот со приложување на валиден гарантен лист со сериски броеви и заверен со печат и потпис од Мепринг сервиси дооел. При рекламација на производот важат условите во гарантниот лист.

Гаранцијата на производите важи само ако монтажата на производите е извршена од страна на овластени, односно одобрени монтажери од страна на Мепринг сервиси дооел.

6. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

Мепринг сервиси дооел го задржува правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на веб страницата на Мепринг сервиси дооел (klimi.net.mk) и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
Мепринг сервиси дооел ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

8. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички
 
Мепринг сервиси дооел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Мепринг сервиси дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
9. Политика за заштита на доверливите податоци и информации
 
Мепринг сервиси дооел ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Мепринг сервиси дооел за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
10. Политика и услови на доставување на производ и услуга
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа веб страница.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или по профактура на трансакциска сметка.
 
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски, по електронска пошта или да поставите прашање во делот за контакт.
 
11. Политика на поврат на средства по трансакција

11.1 Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички

Мепринг сервиси дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. При тоа вратениот износ ќе биде намален за износот на провизијата од електронската трансакција според правилникот на НЛБ банка АД Скопје.

11.2 Политика на поврат на средства по трансакција по профактура (вирмански)

Мепринг сервиси дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. При тоа вратениот износ ќе биде намален за износот на провизијата од електронската трансакција според правилникот на банката.

12. Авторски права

Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на Мепринг сервиси дооел Скопје и секоја употреба на истите се казнува со Закон.

13. Ограничување од одговорност

Мепринг сервиси дооел Скопје овозможува највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати.

Мепринг сервиси дооел Скопје не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница.

14. Цени

Цените на производите се изразени во денари со влкучен ДДВ. Во цената на производот е вклучена доставата, согласно Условите на испорака. Дадените цени на производите важат само за испорака на производот и не ја вклучуваат неговата монтажа.

КОНТАКТ

МЕПРИНГ СЕРВИСИ ДООЕЛ СКОПЈЕ

официјален ексклузивен дистрибутер за Македонија на COOPER&HUNTER клима уредите.

Mail:
sales@klimi.net.mk 

Телефон:
+389 2 3090 701

ЗА КОМПАНИЈАТА

www.klimi.net.mk е електронска продавница за клима уреди од американскиот бренд COOPER&HUNTER. 

 

Настојуваме да бидеме што попрецизни во описот на производите, фотографиите и цените, но не можеме да гарантираме дака сите информации се комплетни и без грешка.

Find Us On Facebook

Побарајте нѐ на Facebook.
Станете наши фанови!

Следи нѐ 

Следи нѐ