Политика на приватност
Офицер за лични податоци: Бојана Ѓорговска Делидинкова, телефон: 071332043, e-mail: bojana@mepserv.mk
Последно променета на: 14.07.2021
Политиката на приватност ги содржи практиките за приватност на веб страницата www.klimi.net.mk и објаснува како Мепринг сервиси дооел ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги како и испратените електронски пораки до нас. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Оваа политика на приватност не се однесува на личните податоци кои ги собираат другите веб страни до кои пристапувате преку нашата веб страница. Со пристапување и со користење на нашиот веб сајт/е-продавница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа политика за приватност како и условите за користење на нашата веб страница. Доколку не се согласувате со условите од оваа политика тогаш напуштете ја оваа страница и не ја употребувајте.
Политиката за приватност ќе се менува повремено, согласно донесени нови законски регулативи или пак воведување на нови практики, производи, услуги или функционалности на оваа веб страница. Секогаш ќе можете да проверите кога е последно изменета политиката, во делот „Последно променета на“ кој се наоѓа на почетокот на оваа политика за приватност.
Прибирањето на личните податоци е во согласност со законските прописи за заштита на лични податоци.
- Видови на податоци кои ние ги собираме, нивно користење и споделување
Податоците кои ги собираме може да се класифицираат како лични податоци и не-лични податоци, а се собираат при интеракција со нашата веб страница, како на пример: пристапување и користење на нашата веб страница, отворање и одговарање на електронски пораки, контактирање со нашата корисничка поддршка, купување производи преку нашата веб страница и сл.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.
За да ја користите услугата за електронска продажба (нарачување на производи/услуги онлајн) на Мепринг сервиси дооел, Мепринг сервиси дооел прибира и обработува одредени Ваши лични податоци, а тоа се Вашето име и презиме, држава, адреса на живеење, град, поштенски број, e-mail адреса, телефонски број. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на НЛБ Банка. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. Овие информации ги давате во моментот на пласирање на Вашата нарачка на производ/услуга на нашата веб страница.
Во зависност од активноста некои од податоците се класифицирани како задолжителни, некои како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која тоа Ви го бара, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Мепринг сервиси дооел, за наведената цел.
Вашите лични податоци ќе ги користиме за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб страницата, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страница. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб страница да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка (со помош на нашите бизнис соработници- дистрибутери, испорачатели на пратки и сл.) и да ја наплатиме цената за продадените производи и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб страница, како и Мепринг сервиси дооел воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб страница, страните кои ги посетувате на нашата веб страница и времето што го поминувате на секоја страница, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страница, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” (за повеќе прочитај ја политиката за управување со колачиња)
Ние нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски мeил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци, ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Мепринг сервиси дооел (www.klimi.net.mk) и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.
Мепринг сервиси дооел ќе ги користи собраните лични податоци исклучиво за целите за кои се дадени во согласност со важечките Законски прописи во Република Македонија. Можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.
- Социјални мрежи
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram)
- ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)
Мепринг сервиси не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на www.klimi.net.mk изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да вршите купувања на услуги и производи.
- РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.
Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Бојана Ѓорговска Делидинкова на следниов e-mail: bojana@mepserv.mk и на телефонскиот број 071/332-043.